vnjdskagf83264

Руската државна градежна компанија Ристек Корпорејшн планира изградба на гасовод во Пакистан во 2017 година, со должина од 1094 километри, а трошоците за изградбата се проценуваат на 2,5 милијарди долари.

Тоа ќе биде прв пат голем проект на Русија во Пакистан уште од 70-те на минатиот век, а компанијата Ристек ќе биде задолжена за изградбата како и за привлекување на руски и странски финансии.

Добивањето на кредит ос западните банки како што пишува “Руска реч“ речиси ќе биде невозможна за ова компанија, бидејќи таа е на “црната листа“ на санкционирани руски државни компании.

Кина и Пакистан во април ова година потпишаа прелиминарен договор за изградба на таканаречен “Гасовод на мирот“, кој би се протегал од Иран до Пакистан. Официјален Исламабад, меѓутоа со месеци ги сокривал преговорите со Кина за изградбата на пакистанскиот дел од тој гасовод. Официјален Техеран неодамна соопшти дека иранскиот дел од гасоводот се карактеризира со должина од 900 километри и тој веќе е завршен.

“Официјална Москва мора да побрза за да не му го препушти Пакистанскиот пазар на Кина“, зијавил член на рускиот институт за блискоисточни студии, Владимир Москаленко.

Истовремено , еден неименуван извор од руската влада изјавил за рускиот лист “Комерсант“ дека Русија од геополитичко значење е да ја зајакне својата позиција во Пакистан, како и во секторот за транспорт за гас, бидејќи во иднина ова држава би можело да стане клучна рута за транзит на гас до Индија.

Извор:(Tanjug)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here