sirija10

Некои од институциите во деловите на провинцијата Халеб (Сирија) кои се под контрола на умеренета сириска опозиција, започнаа со финансиски промет во турски лири, со што ја тргнале-замениле сириската фунта. Турската лира стана хлавно платежно средство на монетарна размена известува Локалниот совет на градот Халеб.

Советот во вторникот за Андолија Агенцијата потврдил дека заедно со неколку други про-опозициски институции започнале на трансакции во тусрака валута.

Освен советот, со турската лира од неодамна започнале и други институции во Халеб, како Шеријатскиот суд, Слободните адвокати на Халеб и Унијата на медиумски професионалци.

Во текот на граѓанската војна кој ја опфати Сирија пред речиси пет години, локалната валута – сириската фунта, нагло девалвирала.

Во март 2011 година, кога започнале конфликтите, односот на доларот и сириската фунта  бил 1:47, додека денес тој е 1:189.
Турската лира исто така имала свои падови, со вредност од 1,67 кренала на 2,70 во однос на американскиот долар. Меѓутоа, останува неспоредливо стабилна валута во однос сириската.

“Користењето на турската валута ќе биде од интерес на локалното насление, бидејќи лирата е малку променлива“, вели Рашид Тахвали, трговец од Халеб.

Сирија е во грч од граѓанската војна откако режимот на претседателот Башар ал-Асад започнал со насилно гуѓење на протестите против неговата влада, на почетокот на 2011 година, во бранот на “Арапската пролет“ во ова земја. Од тогаш во конфликтите со режимските сили и вооружените опозиционери погинале повеќе од 220 илјади луѓе, податоци на Обединетите нации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here