
Јужна Кореја соопшти дека од страна на Северна Кореја биле поставени мини во демилитаризираната област помеѓу двете земји
Јужна Кореја соопшти дека од страна на Северна Кореја биле поставени мини во демилитаризираната зона помеѓу двете земји.
Властите во Сеул истакнаа дека Северна Кореја со оваа акција го прекршила договорот за примирје потпишан во 1953 година и дека ова прекршување нема да остане без одговор.
Јужна Кореја за смртта на 46 свои војници при потонување на една своја подморница во 2010 година ја обвини Северна Кореја против која започна и ниви економски санкции.
Властите во Пјонгјанг пак ги отфрлија овие обвинувања.
Двете земји кои и покрај постигнатиот договор за примирје во 1953 година се уште немаат потпишано договор за мир, поради нуклеарните активности на Северна Кореја и заедничките воени вежби на Јужна Кореја со САД во последните неколку години често доаѓаат една наспроти друга.
Северна Кореја како последно воведе своја временска зона така што актуелното време го врати за половина час назад, на што пак пристигна реакција од страна на Јужна Кореја.










