Гибралтарска криза помеѓу Англија и Шпанија

Во објавеното соопштение од англиското министерство за надворешни работи се истакнува дека бродови во сопственост на Шпанија на низа пати влегле во територијалните води во регионот на Гибралтар и ги прекршиле суверените права на Англија

Англија ја обвини Шпанија за прекршување на низа пати на нејзините територијални води во регионот на Гибралтар.

Во објавеното соопштение од англиското министерство за надворешни работи се истакнува дека бродови во сопственост на Шпанија на низа пати влегле во територијалните води во регионот на Гибралтар и ги прекршиле суверените права на Англија.

Во соопштението се привлекува внимание дека овие активности за кои претходно не е побарана дозвола се во спротивност со поморското право и дека властите во Лондон ќе го следат прашањето кај шпанските надлежни органи.

Се претпоставува дека шпанските бродови на крајбрежната стража влегле во територијалните води во регионот на Гибралтар при гонење на криминалци.

Шпанија суверенитетот на Гибралтар го предаде на Англија на 300 години, меѓутоа Шпанците повремено изнесуваат територијални претензии над овој стратешки регион.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here