ренд рол

Ренд Пол, еден од кандидатите за претседател на САД, изјавил дека Вашингтон не може да ја победи Исламската држава, образложувајќи дека САД индиректно учествува во финансирањето на ова организација.

Републиканецот Пол истакнал дека “раководството на САД му овозможува подршка на ова организација“ Исламска држава“ така што го  финансира нивните сојузници.

“Вашингтон ја финансира “умерената сириска опозиција“, а тие средства заминуваат директно кај Исламската држава“-тврди Пол.

“Исламската држава на тој начин доби милијарда американски долари во вид на американски возила “Хамер“. Ние тоа мора да го стопираме, да го прекинеме финансирањето на нивните сојузници“- пораќал Пол, пренесува агенцијата РИА Новости.

Ренд Пол е син на Рон Пол и двајцата познати по републиканските ставови кои Америка ја гледаат како позитивен фактор во светот. Ренд Пол се противи на промоцијата на геј прајд идеологијата, учеството на Америка во војните ширум светот, агресивната надворешна политика на Белата Куќа и се залага за економски сисите кој ќе им оневозможи на тајкуните да ги злоупотребат институциите со цел поголемо збогатување.

Извор:(Pravda)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here