БЕНГАЗИ- Голем број на про-Гадафиевски настроени демонстранти вчера излегле на улиците на источниот либиски град Бенгази како би побарале пуштање на слобода на синовите на Гадафи.

Низ Бенгази се слушале извикувања: Само Аллах, Муамер и Либија!“ Од друга страна властите со истрели успеале да го прекинат големиот про-Гадафиевски собир.
Во исто време организиран е и мировен протест во Египет, во Каиро на кој се појавил Др. Муса Ибрахим, некогаше портпарол на Гадафи.
Пред недела дена, на синот на покојниот лидер на Либија Муамер Гадафи, Саиф Ислам, во Триполи изречена му е смртна казна. Меѓутоа казната нема да биде извршена, бидејќи затворот е во Зинтан, кој е под власт на друга либиска група одби да го испорача.
Веста за судењето на кое, освен Саиф, изречена е смртна казна и за уште осум функционери на режимот на Гадафи, му даде крила на “Зелениот Отпор“, револуционерно политичко движење чиј идеен творец и прв лидер бил самиот Муамер Гадафи, и кој во Либија, ама и надвор има голем број на приврзаници.









