Лидерот на заедницата на кримските Татари, Мустафа Џемилев, изјави дека Украина има намера да формира воена единица регрутирајќи војници од муслиманските национални малцинства, кои ќе бидат задолжени за борба против про-руските сили на границата со Крим.
Во излагањето на Светскиот конгрес на кримските Татари одржан во текот на викендот во Анкара, Мустафа Џемилев истакнал дека во подготовка е формирање на нов батаљон составен од кримски и казахстански Татари, Узбеци, Чечени, Азери,месхетски Турци и други муслимански малцинства. Нивната задача ќе биде надзор на увозот и извозот во регионот Керсон, на границата со Крим, по задолжение (наредба) на Украинското министерство за одбрана.
Кримските Татари, трска автономна етничка заедница населена на северниот крај на Црното море, жестоко се спротивставила на руската анакесија на полуостровот кој доскоро му припаѓаше на Украина.

Русија во март 2014 година, после референдум за автономноста на покраината, извршиле анексија на полуостровот Крим, мнозинско населен со руска популација, која прогласи независност од Украина.

Мустафа Џемилев и претседавачот на татарскиот Меџлис – Рефат Чубаров, на кои руските власти им забраниле влегување во Крим во наредните пет години, при претсојувањето во Анкара се сретнале и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Изразувајќи жалење заради анексијата на Крим, претседателоот Ердоган истакнал: “ За жал, во текот на целата историја, правото на кримските Татари да живеат во мир и достоинство, во нивната татковина загрозено е со колективна депортација и угнетувања.“

“Во денешно време сведоци сме на нелегална анексија на Крим и други немили настани“, истакнал Турскиот претседател. Кримските Татари во 1944 година од нивните домови биле протерани од советскиот лидер Јосиф Висарионовиќ Сталин, обвинувајќи го за соработка со нацистичка Германија против Советскиот Сојуз. Раселени се во делови на централна Азија и Кавказ. Голема заедница на кримски Татари се населила во Турција, бегајќи од прогоните на Советите.

Со распаѓањето на Советскиот Сојуз, на почетоко на 1990 година, кримските татари во групи започнале да се враќаат во својата татковина. Денес околу 300 илјади живеат на овој полуостров, што претставува 12% од популацијата на Крим.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here