mehmet-gormez-un-je-u-ratu-u-bih-izgubio-ugle

Претседателот на Управата за верски работи на Република Турција Мехмет Гормез истакнал дека Обединетите Нации во текот на војната во Босна и Херцеговина го изгуби угледот и довербата во очите на светот.

Гормез присусутвувал на одбележувањето на 20 годишнината од геноцидот во Сребреница на 11.јули во Поточари, а потоа го посетил Сараево. Во разговор за Агенцијата Анадолија, тој истакнал дека војната во БиХ била борба на вистина и лага, а дека една од најважните одлуки на таа војна било прашањето на опастанокот на муслиманите во БиХ.

Во таа прилика Гормез  го критикувал и папата Фрањо бидејќи во текот на посетата на Сараево во јуни избегнал да го употреби терминот “геноцид“, ама и Советот за безбедност на Обединетите нации кој не ја усвоја резолуцијата за геноцидот во Сребреница заради ветото на Русија.

Истакнувајќи дека основна должност на човештвото е да реагира и осуди  секое злосторство  против човештвото, геноцид или злочин кој ја погази човечката чест без оглед на верската, расната и друга припадност. Гормез изразил надеж дека тој факт во иднина ќе биде подобро сфатен и дека ќе дојде до очекувана изјава.

“На пат кон Сребреница најголема болка почувствував заради поставените постери на Владимир Путин, претседател на Русија кој со вето го спречи усвојувањето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Советот за безбедност. Тоа е показател дека некои уште на ова земја не ја сватиле лекцијата. Заради тоа сум многу тажен. Војната во БиХ беше војна во која ОН го изгуби својот углед и доверба пред очите на целиот свет. Жртвите на Сребреница беа под заштита на ОН, Холанџаните. Беа под заштита и убиени се и ништо не се презеде“, истакнал Гормез.

На крајот Гормез нагласил дека краен тажен факт е дека ОН и 20 години после сребреничкиот геноцид се двоумел во донесувањето на одлуката за ова прашање.

Извор: Anadolu Agency

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here