
Пратениците на Европскиот парламент усвоија Резолуција за Сребреница со која остро се осудува слочинот во Сребреница.
Во реозлуцијата злочинот во Сребреница, во рамките со пресудите на Хашкиот трибунал и Меѓународното правосудство, се означува како геноцид.
Како одговорни за масовната егзекуција на повеќе од 8.000 муслумански мажи и деца од Сребреница означени се “ силите на босанските срби под команда на генерал Ратко Младиќ, со учество на паравојни и нерегуларни единици“.
“Тоа е најголем воен злочин кој некогаш се случил во Европа после Втората светска војна“, стои во резолуцијата.
Во текст резолуцијата се потсетува дека околу 1.200 Сребреничани сеуште се водат како исчезнати, како дека над илјада жени и деца се депортирани, а многу жени се силувани.
“Трагичните настани во Сребреница оставија длабоки емоционални безели и створија долготрајни препреки на политичкото помирување на народите на Босна и Херцеговина“, пишува во текстот.
Исто така се истакнува и одговорноста на Обединетите Нации, кои не го исполниле својот мандат за заштита на населението“заштитна зона“.
Во резолуцијата најсотро се осудува не само геноцидот во Сребреница, туку и сите други злосторства во војната на поранешна Југославија, а на семејствата на жртвите им се упатуваат изрази на сочувство.
“Европскиот парламент најостро го осудува геноцидот во Сребреница и свечено објавува дека таков грозоморен злочин никогаш не смее да се повтори и дека ќе направат се што е можно во нивна моќ истиот да не се повтори, притоа се одбива секое порекнување, релативизација и невистинито толкување на геноцидот“, се истакнува во документот.
Во текст резолуцијата уфрлени се и два амандмани на предлагаќите на реозлуцијата на Иван Јанковиќ со кои се осудува руското ставање на вето на британската резолуција за Сребреница во Советот за Безбедност и ОН и се пофалува одлуката според која 11.јули да се прогласи за ден на жалоста во БиХ, како потсетување на настраданите жртви.
Инаку, минатата недела прес службата на ЕП соопштила дека ова тело ќе ја одбележи 20 годишнината од геноцидот во Сребренива, ама дека нема “да донесува посебна резолуција за тоа“.
Денес, претходно, Претставничкиот дом на конгресот на САД едногласно ја усвои Резолуцијата за Сребреница со која злочинот од јули 1995 година се дефинира како геноцид.
Извор:(B92,Beta,Tanjug)/Дубаи Портал.









