Usvojena rezolucija

Претседателскиот дом на Конгресот на САД едногласно ја усвои Реозлуцијата за Сребреница според која злосторството од јули 1995 година, се дефинирака како геноцид.

Резолуцијата ги осудува сите изјави кои го оспоруваат овој термин. Во резолуцијата се истакнува дека е важно да се препознаат знаците на геноцид во идните конфликти и дека таков злочин треба да се спречи, посебно имајќи ги во предвид конфликтите во Централната Африканска Република, Бурунди и Сирија.

Резолуцијата ја предложил републиканскиот конгресмен Кристофер Смит, во својот говор во Представничкиот дом нагласил дека меѓународнта заедница речиси е едногласна дека она што се случи во Сребреница е ништо друго освен ГЕНОЦИД. Тој наведил дека пред 20 години војниците на босанските Срби систематски убиле повеќе од 8.000 луѓе во подрачјето кое било прогласено како “безбедносна зона на ОН“.

Овие брутални убиства не се направени во борба , туку против невооружени и беспомошни луѓе кои холандските мировници ги уверувале дека ништо нема да им се случи ако се предадат – истакнал Смит.

Тој изјавил дека трупите на ОН- со резолуција на Советот за безбедност 836 биле задолжени да ги заштита цивилите, па дури и со употреба на сила, ама кога дошол момент за тоа, тие овозножиле многу мал отпор бидејќи воените команданти за примарна цел ја имале заштитата на трупите на ОН, а не на цивилите.

– Сите се уплашија. Лесно е да се погине во таква операција. Колку што ми е познато, во Сребреница не испратија не да ја заштитиме енклавата, туку како еден вид посматрачи -цитирал Смит еден од војниците на ОН кој учествувал во Сребреница.

– Тие мировници постанаа посматрачи на геноцид, а наскоро беа и повеќе од тоа. Имено, 13.јули холандските мировници на Србите им ги предале босанските муслимани кои кај нив ги побарале заштита. Гледаа како мажите ги раздвојуваат ид жените и децата, а тој процес во Босна веќе е познат како сигурен знак за опасност од смрт.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here