Грците да кажат “не“ на Европската Унија и ММФ направи сериозни пореметувања во европските и светските економски токови.
Одлуката на Грците се одрази и на цената на нафтата, па американската “лесна“ нафта (WTI) за испорака во август поефтинила на Њујоршката берза 2,1 долар на 54,38 долари, додека нафтата од типот “брент“ за августовската испорака во Лондон поефтинила на 75 центи на 59,57 долари.

Резултатите од референдумот во Грција, светото го турнаа во непозната територија – се наведува во соопштението на сингапурската банка DBS.
Исто така , од грчката берза “избришани“ се дури 30 милијарди долари, а одлуката на Грците да го отфрлат договорот со кредиторите предиизвика големпотрес на берзата за капитал во Австралија, чија валута слегла на шестгодишен минимум.
Австралискиот долар паднал шестгодишен минумум спрема американскиот на почетокот од тргувањето, за да на крајот опоравил до вредноста од 0,7509 USD.
Германскиот Dax бележи пад на околу 2%, шпанскиот Ibex паднал на околу 2,2 проценти, италијанскиот FTSE MIB понизок е за 2,8 %, а францускиот Cac паднал на 2%.











