
Економскиот форум во Санкт Петербург, кој траел од 18.20 јуни, покрена многу шшекулации заидните движења на цената на енергијата.
Она што навистина било неочекувано е посетата на заменикот на крунисаниот принц на Саудиска Арабија како претставник на кралот. Принцот кој исто така е и министер за одбрана на ова држава, ја пренел кралската порака за претседателот Путин да го посети кралот, и која веднаш била прифатена.
Се разбира вест е и тоа дека делегацијата на долгогодишниот сојузник на САД, Саудиска Арабија, ја посети економскаѕа конференција во Русија, држава која е под санкции на САД.
Некои тврдат дека ова е состанок знак на партнерство помеѓу два најголеми производители на нафта. Тоа значи дека и во најмала рака Русија би можела да има удел во политичкат одлука во производството нан нафта.
Познатиот индиски новинар М.К. Бадракумар, меѓу првите истакнал дека постојат бројни причини за приближување на Саудијците и Русите. Меѓу нив се помало е влијанието на САД на енергијата на Блискиот Исток заради производството на нафта. Исто така, тука е новото свртување на САД кон Истокот, па од тука Саудијците мора данаправат нови пријатели.
Бадракумар исто така истакнува дека, иаско Саудијците жестоко се противат на било каков облик на амерички антанта со Иран, Кремљ разбира дека постојат многу искушенија кои го приближуваат Иран со Западот.
Пепе Ескобар од Asia Times смета дека ова посета е најавување на завршување на моменталната глобална војна на цените со нафта, и дека Саудијците конечно ќе го намалат производството и овозможат зголемување на цен ата на нафтата:
“Фактот дека министрите за енергетика на Русија и Саудиска Арабија расправаа за широка соработка, додека Путин и заменикот на крунисаниот принц расправале за цената на нафтата. дали на војната на цените на нафтата е блиску до крај?“
Али ал Наими, долгогодишен претседател и директор на Саудиската национална нафтена компанија Aramco и моментален министер за нафта изјавил:
Јас сум опримист по повод иднината на пазарот во наредните месеци во смисла продолжување на подобрувањето и зголемувањето на глобалната побарувачка за нафта и намалување на комерцијалниот инвентар“.
Министерот тврди дека тоа може да доведе до зголемување на цената на нафтата до крајот на годината.

Али ал Наими јавно ја пофалил билатералната соработка помеѓу Ријад и Москва, наведувајќи дека тоа би можело да доведе до создавање на сојуз помеѓу овие две држави кој би му користел на меѓународниот пазар на нафта.
Не би требало да бидеме премногу оптимистички и помислеме дека Саудиска Арабија се свртува против своите сојузници, ама сигурно е дека сага да ги прошири своите опции.
Саудијците и Русите на состанокот потпишале неколку меморандуми за разбирање, вклучувајчи и развој на нуклеарните централи во кралството, бидејќи Саудиска Арабија има во план да изгради 16 нови електрани.
Двете страни исто така планираат да воспостават работни групи како би ги проучувале можностите од заеднички енергетски предизвици во Русија. Русија исто така се сложила да се изградат железница и подземна железница до Саудиска Арабија. Се верува дека Русија се соглсила да испрати напредна воена одбрамбена опрема на Саудиска Арабија иако Саудијците биле долгогодишни муштерии на Велика Британија и САД.
Меѓутоа, постои сомневање дека САД се подготвени да се повлечат и пуштат Русија да стане главен сојузник со Саудиска Арабија. Саудиска Арабија се наоѓа на спротивни страни по бројните геополитички прашања, вклучувајќи го Иран, Сирија и Јемен. Овие конфликти сигурно ќе ги ограничат можностите за настанок на антанта.
Исто така постојат и сомневања на тоа дали Саудијците можат толку многу лесно да ја подогнат цената на нафтата. Намалувањето на цената било лесно,ама дали тие туку така можат да го намалат производството и очекуваат пораст на цените?
Фактот е дека цените растат уште од јануари, а многумина се унедени дека сеуште ќе пораснат. Де Хамер предвидува дека цената на WTI нафтата ќе изнесува некаде околу 73-78 долари, додека на Brent нафтата од 82-85 долари до крајот на годината.
На економскиот форум потпишани се бројни енергетски договори, па дури и познатата нафтена компанија BP купила голем дел од акциите на сибирските нафтени полиња во сопственост на Rosneft, компанија која жестоко е погодена од меѓународните сакнции. Во компанијата BP, која ќе стане сопственик на 20% од Rosneft, наведуваат дека сакаат да ги прошират заедничките подухвати со ова руска компанија.
Gazprom потпишал договор за изградба на вториот цевовод под Балтикот, кој го следи Северниот ток, заедно со германската компанија E.ON и австриската компанија OMV. Изгледа дека на нафтените гиганти во западна Европа не им сметаат руските санкции.
Интересно е дека американските репортери сметаат дека на конференцијата не е објавена ниту една вест од поголемо значење.
Zanimljivo je da američki reporteri smatraju da na konferenciji nije objavljena nijedna vest od većeg značaja.







