ципрас

Помина тежок  и напорен ден, до последен  момент многумина очекуваа дека сепак ќе дојде до некакво решение, ама тоа не се случи. Полноќ-та помина, а ММФ наскоро ќе потврди дека не ги примиле 1,6 милијардите евра кои Грција требало да им ги врати синоќа до полноќ, (исплати). Грчките жители денес ќе се разбудат со тој факт, а тој без оглед на терминологијата – значи дека Грција токму банкротира.

Според ММФ, Грција сега според нив се наоѓа во иста ситуација како и Сомалија, Судан, Зимбабве.

Што значи сето тоа? Дали Грчката драма е завршена? Ниту приближно, најтешките моменти штотуку доаѓаат, а најважно е дека ќе се случат ова недела кога во Грција се одржува референдум. Имено на тој референдум грчките жители ќе имаат можност да се изјаснат дали сакаат да останат во еврозоната ( а со самото тоа веројатно и во ЕУ), и да ги прифатат дополнителните мерки на штедење, или ќе го отфрлат диктатот на кредиторот и тргнат по некој непознат правец. Како ќе гласаат? Никој не знае, тоа наскоро ќе се види.

Се разбира, ако грчкиот народ изгласа за мерки на штедење тоа ќе биде крај на левичарската влада и премиерот Алексис Ципрас- тој доа синоќа недвосмислено и го најави.

Фактот дека Грција денес не го врати долгот и не постигна договор со кредиторите,значи дека технички е во банкрот. Можеби низ неколку денови, во недела, се ќе  врати “на старо“ и Грција прифаќајќи ги дополнителните мерки на штедење добива дополнителни пари, што би значело излез од банкротот, ама и да остане во подложна положба уште повеќе десетлетиа.

Ако пак Грците на референдум ги отфрлат штедењата, тогаш актуелниот технички банкрот и официјално ќе биде потврден. Грција тогаш веројатно би излегла од еврозоната, можеби и од Европската Унија, а домино ефектот сигурно ќе ја погоди и Италија, Шпанија и Португал.

Синоќа се одржа и про-ЕУ протести пред зградата на парламентот во Атина, ама според поедини извори, имало четири пати помалку од оној од вчера со кој му се дало подршка на Ципрас и подршката за офрлање на мерките за штедење.

Грчката драма продолжува, ама сега таа веќе влез во уште една нова непредвидлива фаза.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here