
Европските летни дестинации повторно се на удар на мигрантите од Африка и Блискиот исток.
Додека туристите уживата на плажите , на само неколку метри од нив можат да се забележат – видат несреќни бегалци на пат кон подобар живот во Европа.
На фотографијата која се појави во 2006 година на Канарските острови најдобро се гледа овој парадок – додека Европјаните се сончаат, имигрант кој штотуку се истоварил од брод едвај се движи по плажата.
Ситуацијата не е ништо поинаква ниту денес, а најнловиот приме е грчкиот остров Лезбос. Турист поминува покрај група на имигранти на Лезбос, 2015 година. Лезбос, популарна турситичка дестинација за Европјаните и Грците се нашол во центарот на имигрантската криза, а Грците се загрижени како тоа ќе се одрази на туристичката сезона.
Додека туристите опуштено се шетаат покрај морето и разгледуваат рибарските бротчиња, разгледувајќи ги камените куќи под брдо на чиј врв се наоѓа замок, во долниот дел на островот си играат група на мали Авганистанчиња кои го ризикувале ќивотот во претоварен чамец за да дојдат до овој грчи остров.
Десетици илјади луѓе од Блискиот исток, Африка и поедини делови на Азија пристигнале до островите на истокот на Егејското море користејќи ги како влез за копно на Грција од каде настојуваат да одат на север и богатите земји на ЕУ.
Ова навистина е многу таќни. Срцето ми се кина заради луѓето и децата кои се гладни. Од друга страна, ова е мој одмор и тоа навистина не е убаво за гледање“ и изјавила Маријана Купрес од Данска на американска новинска агенција. АП
Речиси половина од 55.000 мигранти кои од почетокот на ова година пристигнале во Грцина од Турција, дошле на Лезбос.
Според податоците на крајбрежната стража, повеќе од 25.000 луѓе се истовариле на северниот и источниот брег на островот, што претставува за неверојани 620% повеќе отколку минатата година во истото врема, пренесува АП, наведувајќи дека во текот на целата 2014 година на Лезбос се истовариле 11.000 мигранти.