
Пратениците на курдската HDP и партијата на националистичкото движење MHP кои курдите не ги признаваат како нација едни покрај други ќе седат во новиот состав на турскиот парламент, бидејќи освоија еднаков број на мандати на општите избори одржани на 7.јуни.
Поедини претставници на HDP и MHP ќе седат еден покрај друг бидејќи нивните седишта се простираат по должината на истите редови.
Првата седница на новиот состав на Собранието на Република Турција ќе се одржи на 23.јуни во 15.часот.
Пратениците од редовите на AKP, Републиканската CHP, националистите и Курдите распоредени се на основа изборните резултати што претставува само привремена состојба.
Според овој распоред на десната страна ќе се наоѓаат пратениците на AKP, а пратениците на CHP, MHP и HDP ќе ги следат од лево.
Традиционално на ова собрание е да на десната страна секогаш седат пратениците на партијата или коалицијата која моментално е на власт. Опозициските партии од друга страна се наоѓаат на левата страна, додека членовите на кабинетот се сместени на десната страна на парламентот.
Општите избори на 7.јуни донесоа нов распоред на седењето на пратениците задолжени за донесување на закони.
Кога ќе се формира новата влада, распоредот на седењето ќе се промени во зависност од структурата на владата.







