post image
Русија и Саудиска Арабија потпишаа низа на документи за зајакнување на соработката за време на вчерашната средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и саудискиот принц Мухаммед за време на траењето на меѓународниот економски форум со Санк Петерсбург.
Меѓу документите е и договорот за мировната никлеарна програма, пренесуваар руските извори. Овој документ е прв во историјата на руско-саудиските односи во кој се создава правна рамка за соработка на двете земји на полето на нуклеарната енергија.
Тоа би значело дека Русија наскоро би можело да ги прифати и проектите за изградба на нуклеарни реактори во Саудиска Арабија. Саудиска Арабија засега нема нуклеарни реактори, ама има голема амбиција да ги изгради.
Со овој чекор исто така се настојува да се зајакнат односите помеѓу Москва и Ријад, кои во последно време беа разнишани заради фактот дека двете земји имаа многу различни ставови по прашањето на војната во Сирија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here