
Од турска компанија која моментално ги изведува градежните работи на новиот аеродром во Истамбул, соопштено е дека потпишан е меморандум за намери до најголемата руска банка “Sberbank” за финансирање на овој мега проект.
Sberbank преку својата турска подружница Denizbank че обезбеди кредитни средства во износ од 500 милиони евра за потребите на градежната компанија IGA Havalimani Isletmesi A.S.
Договорот за кредитирање на период од 16 години, потпишпан е на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург. Истиот бил потпишан од страна на Сергеј Горков, заменикот претседател на Sberbank и претставници на IGA менаџментот за аеродроми , Мехмет Ченгиз, Нихат Оздемир,и Џамал Кајончу.
“Задоволни сем што ќе бидеме финансиери на ова изградба и оперирање на најголемиот аеродром на светот, кој ќе постане регионален авионски јазол со очекуван годишен промет од 150 милиони патници“, истакнал Горков.
Новиот аеродром ќе биде лоциран помеѓу селата Тајакадин и Акпина, во близина на Црното море, на европската страна на Истамбул, оддалечен 35 километри од аеродромот Ататурк. Се очекува дека тој со својот капацитет ќе ги собори сите светски рекорди, со околу 150 милиони патници.
Според соопштението објавено на веб страната на IGA, аеродромот за 25 години од работењето на државата ќе и донесе приходи од околу 22,2 милијарди евра. Се проценува дека на аеродромот директно ќе бидат вработени 100 илјади луѓе, додека во услужните и другите сектори него ќе го послужуваат 1,5 милиони вработени.









