Европската унија треба да се подготви за “вонредна состојба“ ако дојде до крах на преговорите со Грција – предупредил Гинтер Етингер.

Комесарот на ЕУ укажал дека тоа ќе значи излегување на Грција од еврозоната и нагласил:

“Мора да изработиме план на вонредни чекори и мерки бидејќи Грција ќе се најде во вонредна состојба, а ќе мора да плаќа енергенти и обезбеди плати за полицијата,  да го финасира здравството и многу други работи.“

Етингер се огласил после деншниот неуспех на обидите во Еврогрупата да се најде компромисно решение.

Меѓутѕоа, претседателот на Еврогрупата- Холанѓанецот Јерун Дајселблум – отценил дека решението во преостанатите десет дена сепак може да биде изнајдено.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here