Ципрас - милер

Политичкиот договор на Атина и Москва за изградбата на дел од гасоводот “Турски тек“ низ Грција подготвен е да биде потпишан, изјавил денес министерот за енергетика Панањотис Лафазанис.

Грчката делегација има намера во текот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург да го потпише договорот со кој ќе биде подржана изградбата на гасоводот низ Грција, изјавил Лафазанис.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас би гтребало во текот на форумот да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Анкара веќе добила инструкции од Русија во врска копнениот дел на проектот на гасоводот, изјавил вчера турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз.

Грција ја проценила вредноста на продолжувањето на “Турскиот тек“ до ЕУ.

Предложено е “Турскиот тек“ да биде долг 1.900 километри, притоа гасоводот од Русија до Турција да оди преку Црното Море, а работите би требало да почнат во декември 2016 година.

Турскиот министер за енергетика истакнал дека пчекува плановите за изградба на една од четирите гранки на гасоводот да бидат достапни ова недела веднаш после завршување на студијата за неговата изводливост.

“Капацитетот на ова гранка на “Тирскиот тек“ би требало да биде некаде околу 16 милијарди метри кубни гас“, изјавил Јилдиз.

Проектот е договорен во декември 2014 година, а проценето е дека годишниот капацитет да изнесува околу 63 милијарди кубни метри гас, од кои 43 милијарди би биле издвоени за Турција.

Извор: (sputniknews.com)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here