post image
Русија е подготвена да ги координира напорите со муслиманските земји во борбата пртив тероризмот и пронаоѓање на начини за мирно решавање на регионалните судири, се наведува во обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин на седницата на стратешката група “ Русија-Исламски свет“.
“Русија ја покрена активната соработка со Организацијата за исламска соработка во статус на посматрач пред точно десет години“, се наведува во говорот на Путин кој го прочитал шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Путин наведува дека од тогаш врските со муслиманските земји значително се зајакнаа.
Путин обрнал внимание на фактот дека исламските земји претставуваат важни партнери на Русија во “промовирање на дијалог помеѓу културите, подршка на различни патишта на развој и цивилизациски модели“, пренесе ТАСС.
Тој истакнал дека историјата на Русија служи како добар пример на мирна коегзистенција на разлчити вероисповести, првенствено на христијанството и исламот.
“Денес исламскиот свет поминува низ тешки искупенија, со ескалација на тероризмот, крвопролевање и брутални војни“, наведил Путин.
Во продолжение тој изјавил дека вооруженото мешање, уцените и притисоците со сакнции се користат против земјите кои ги бранат своите национални интереси.
“Тоа може само да не загрижува. Уверени сме дека исламскиот свет може да издржи“, надополнил Путин.
Руескиот претседател истакнал дека Русија е подготвена за координација на напорите во борбата против тероризмот и барање на начини за мирно решавање на регионалните судири.
“Се надевам дека активноста на ова стратешка група ќе помогне да се утврдат вредностите на верската толеранција и хуманизам ширум светот“, заклучил рускиот претседател.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here