post image
Хусеин еф. Кавазовиќ во текот на вчерашната посета на Исламската Република Иран изјави дека муслиманите против непријателот можат да се борат само со единство!
Реис-ул-улемата на Исламската заедница на БиХ, Хусеин еф. Кавазовиќ во текот на вчерашната средба со уќениците и професорите на Универзитетот “Ал-Мустафа“ во Горган, центар на Иранската провинција Голештан изјавил дека единството кое во БиХ постоело во текот на војната треба да се сочува и зајакне.
Кавазовиќ на шиитската и уснитската омладина и помарачл да го шират единството, и истакнал дека зачувувањето на единството меѓу муслиманската младина  е обавезно, бидејќи непријателите на исламот прво пред се ја напаѓаат младината.
Според неговите зборови, Иранската провинција Голештан е најкаректеристичен пример на соживот помеѓу шиитите и сунитите во Иран. Студенти од различни делови на светот стурдираат на Универзитетот “ Ал-Мустафа“ кој има дипломски и пост дипломски студии.
СРЕДБА СО АЈАТУЛАХ ЏЕННЕТИ
Во понеделникот во Техеран Кавазовиќ се сретнал со шефот на надзорното собрание на Иран, Ајатулах Џеннети и разговарале за различни теми
Ајатулах Џеннети, шеф на Надзорното собрание на Иран во својот говор се соврнал на најважните прашања кои моментално се однесуваат на исламскиот свет, па во врска нуклеарната програма на Иранс рекол: “Америка прави голем притисок врз Ира. Тие прашањето на нуклеарната енергија ја земаат како изговор за да ја уништат моќта на исламот. Тие самите знаат дека ние заговараме укинување на нуклеарното оружје, меѓутоа, меѓутоа под тој изговор ни воведуваат санкции како би се нашле  под економски и политички притисок “.
Тој исто така укажал на војната против недолжниот и потчинет народ на Јемен и подршката на Иран на таа земја, велејќи: “ Доколку го подржуваме на Јемен, тоа е токму заради тоа што тие се потчинети муслимани. За жал, тој народ постојано бива бомбардиран од воздух и земја од страна на Саудиска Арабија, една исламска држава“.
Потенцирајќи декја сличн и проблеми во регионот се во пораст, ајатулах Џеннети зборувал и за текфирскиот-ционистички фронт против отпорот и народот на Сирија. “ Уште еден наш проблем е Сирија. Сирија е исламска држава и се наоѓа наспроти Ционистичкиот режим кој откина дел од исламската територија и расели народот од неа. Мора да обрнеме внимание дека во Сирија се наоѓаме наспроти Израел, а нашата цел е одбрана на оние над кои се врши неправда“.
Исто така со улогата на светските арогантни сили во создавањето на текфириски групи слични како ИСИЛ, целта е создавање на раздор меѓу муслиманите, надополнувајќи : “Движењето ИСИЛ финансиски и војно се подржува од страна на САД и приврзаниците на вехабизмот. А, тие за жал во името на исламот прават разни злосторства, слични како “брачен џихад“ или палење на живи недолжни луѓе. Тие се опасност за исламскиот свет, а ако успеат во Ирак и Сирија, на ред ќе дојдат и останатите исламски држави“.
Во текот на посетата на Иран во една од околните џамии на Иран , Реис-ул-улемата Хусеин еф. Кавазовиќ предводел заедничка молитва (намаз) на сунитите и шиитите!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here