Политичките тензии и судири во Македонија во изминатите недели биле една од главните теми на светската јавност.
Терористичкиот напад во Куманово беше иницијална каписла за демонстрации и мала војна помеѓу Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев, која се повеќе поприма пресметка на западно и источно ориентирани политичари. Во текот на меѓусебните обвинувања ситуацијата во Македонија со особена доза на загриженост се следи и од Руска страна.
Причина за посебното внимание на Москва која му го посветува на Македонија е планираниот гасовот “Турски поток“ кој треба да поминува низ нејзината територија па се до Србија.
Премиерот Никола Груевски е пријателски настроен спрема Русија, ама од друга страна не се откажува ниту од европскиот пат на Македонија, за кој велат дека претставува главна цел на ова држава. Сепак, политиката на владата во Скопје малку потсетува и на официјалниот став на Србија за невоведување на санкции кон Русија и отворена подршка на рускиот проект “Турски поток“, кој според се мора да поминува низ Македонија. Овој неутрален став, по се судејќи може може да се застапува само до одредена граница.
Ваквата политика може да се толкува и како потполно логична, бидејќи Македонија од овој гасовод кој би поминувал низ нејзината територија би имала огромен финансиски плус, како и сите други останати држави низ кои би поминувал “Турскиот поток“.
Тикму заради тоа, Владимир Путин посебно е загрижен заради можноста од моменталното паѓање на владата, која се покажала како доста пријателска, и доаѓањето на некоја друга, помалку кооперативна владејачка структура на чело на земјата.
Ова го потврдил и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој изјавил дека политичката криза во Македонија е “контролирана од надвор“ индиректно обвинувајќи го Западот за предизвикување на немири во ова држава.
Обидувајќи се да се дискредитира Груевски и претстави како некој кој не ги “исполнува“ потребите на народот. Сепак, и на врашќињата на гранките им е јасно дека зад овие немири стои одбивањето за воведување на санкции кон Русија, како и подршката на претходниот Јужен, а потоа “Турски поток“ – изјавил Лавров.
Рускиот амбасадор во ЕУ Владимир Ќизов изјавил за “Блумберг“, дека “ иако не располага со цврсти докази, логичното размислување го носи само кон еден заклучок“
Доколку само малку обрнете внимание на географскиот аспект на овој регион, МАакедонија претставува иделано место низ кој би поминувал “Турскиот поток“ па понатаму кон Европа. Не е случајно што токму наеднаш избувнуваат судири, току како по наредба- изјавил Ќизов.
“Турскиот поток“ е проект на компанијата Gazprom кој е најавен во јануари 2015 година, откако првобитниот “Јужен поток“ пропаднал заради, како што тврдат Русите, “интервенцијата на ЕУ која му забрани на Бугарија учество во овој проект“
Клучна работа кај двата проекти на гасоводите е тоа што и двата ја заобиколуваат воено зафатената Украина, со што Русија “ со еден удар би убила две муви“ – би ја задржала енергетската надмоќ над Европската Унија и притоа дополнително би му наштетила на непријателски настроената влада во Кијев.
Планираниот “Турски поток“ во овој дел на Европа би поминувал низ Грција, Македонија, Србија и понатаму би продолжил во Маѓарска. Заради тоа стручњаците ( пред се американските, кои најмногу се занимаваат со ова тема) наведуваат дека моментално овие четири држави се најбитна “цел“ мета на руската дипломатска офанзива.











