63
Потпретседателот на Владата на Русија Дмитриј Рогозин по повод санкциите на ЕУ и САД наметнати кон Русија изјавил дека на руските “тенкови не им се потребни визи“.
“Секогаш се шегувам на ова тема… што ако не ни дадат визи, ако не стават на листата за санкции…тогаш на тенковите не им се потребни визи“, изјавил Рогозин за државната телевизија Русија 1, пренесува АФП.
Рогозин ги прокоментирал и медиумските наводи дека Франција и Германија подготвуваат противодговор на рускиот тенк “армада“, изјавувајќи дека “ тоа може да се случу дури после 15 години и дека руската индустрија за тенкови секогаш е на чекор пред сите“, пренесува Тањуг.
(Tanjug)
