Самитот на Источното партнерство во Рига го покажа успорувањето на идејата на Брисел да шест поранешни републики на СССР ги приближи кон ЕУ и оддалечат од Русија, пишува “Вечерњи Лист“ кој наведува дека за ЕУ “пред разбудената руска мечка“ најдобро е да ја примени тактиката “ стратешко стрпление“.
Заедничката декларација на самитот во Рига, поблага е од декларацијата на самитот на Источното партнерство во Вилнус, каде тогашниот украински претседател Виктор Јануковиќ одбил да го потпише договорот за придружување и слободна трговија со ЕУ, што ги подтикнало проевропските Украинци да излезат на улица и покренат протести кои довеле до промена на власта, ама и до војна во Украина“, наведува овој лист.

За ЕУ “пред разбудената руска мечка“ најдобро е наведува листот, да ја примени тактиката на стратешко стрпление односно ЕУ “да се прави мртва“.
Декларацијата од самитот во Рига наведува дека ЕУ го повторува својот став за руската илегална анексија на Крим и Севастопољ, ама не се споменува дека сите шест источни партнери го подржуваат овој став, за што се потрудија Белорусија и Ерменија.
“Брисел не сака да ја испровоцира Москва, како што многумина мислат дека ја испровоцира кога Јануковиќ во Вилнус се соочи со ултиматум бидејќи никој не сака да му даде причина на рускиот претседател Владимир Путин да биде агресивен“, наведува “Вечерњи лист“.










