Пишува: Pol Krejg Roberts
Постојат мн огу шпекулации за посетата на американскиот секретар, Џон Кери, кој на 12.мај се сотанал со Путин во Русија.
Наскоро ќе дознаем заошто Кери му се умилкувал на Путин, притоа критикувајќи го марионетскиот режим во Украина. Единствено моментално објаснување е дека Вашингтон конечно се вразуми.
Доколку ја гледавте Парадата на Победат, свесни сте дека таа прослава испрати силна порака. Русија е првокласна воена сила, а ја подржуваат Кина и Индија, чии војници исто така парадираа на руската парада.
Прославата во Москва на Вашингтон му даде до знаење дека не успеал да ја изолира Русија. Тој всушност успеа уште повеќе да го соедини BRICS.
Европјаните се свесни дека две најголеми воени сили во историјата не успеале да ја покорат Русија. Наполеон изгуби огромна војска во Русија како и Хитлер. Европјаните конечно сваќаат дека Вашингтон ги принудува на конфликт со Русија заради својата хегемонија. Европјаните навикнале да го слушаат Вашингтон, ама конфликтот со Русија ја премина границата. Знаците на независната европска надворешна политика се појавија кога Меркел и Оланд се состанаа со Путин со цел решавање на украинската криза која ја покрена Вашингтон.
Соочен со поразот на својата политика на изолирање на Русија и појавата на независна надворешна политика во Европа, Вашингтон го испрати Кери да се обиде да ја деескалира кризата во Украина. Путин како миротворец ќе го пушти Вашингтон да се извлече, ама неконзервативците нема да бидат задоволни.
Обама, Кери и Камерон мора да постанат магионичари и преминат од демонизација на Путин на соработка со него.
Бидејќи неговата сила не успеа против Русија, Западот сега игра на картата на заведување.
На Западот не постои светско водство. Постои само себичност и горделивост. Западот ограбува се што не е Запад, а сега се свртува сам кон себе, ограбувајќи ја Ирска, Грција, Италија, Шпанија и Португалија. Самата Америка остана без работа, кариера и граѓанска слобода.
Западниот модел “демократски капитализам“ не се испостави ниту како демократски, ниту како капиталистички, туку како облик на фашизам со кој владее олигархијата.
Извор: Webtribune












