Македонија, Босна и Косово се на работ на провалијата, пропусти на институциите, нарушување на друштвото и ескалација на насилствата.

balkan-map

Ова се предупредува во анализата која ја објави амаериканскиот „Forin afers“,еден од највлијателните светски весници за меѓународни односи. Вашингтон, како што се отценува, прерано ја отфрлил одговорноста за регионот на Европјаните, чија стратегија “ стап и морков“ не дала резултати, додека Валадимир Путин не избира средства, како економските уцени и подршка на владата на Никола Груевски во Скопје, за да го намали влијанието на Западот.

МАКЕДОНИЈА

ЛОШАТА ВЛАСТ ГО ГУБИ КОМПАСОТ

Македонија е вистински пример на неуспех. На САД и ЕУ ова земја слабо ги интересира, а Грција го блокираше нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО.

Власта нижи скандал до скандал, а против неа во граѓанските протести, се обединија Македонците и Албанците.

Медиумската цензура на активноста на опозицијата ја пробива албанската ТВ „Алсат“. Покрај тоа  премиерот Груевски,  игра на картата на национализмот и на тврдењето за меѓународен заговор.

“Се чини дека Груевски е решен да се бори за власта до крај, притоа оставајќи ја стабилноста на Македонија во урнатини.“

БОСНА

ДРЖАВА ПРЕД РАСПАЃАЊЕ

“Ако Македонија е во акутни болку, Босна се соочува со длабока и готово неизлечлива повреда“, се констатира во анализата.

Како најопасни фактори, покрај постојаната меѓуетничка недоверба, се наведува руското влијание и “радикалниот ислам“, а за политичките лидери на Србите и Хрватите се отценува дека повлекуваат конкретни чекори за поделба на државата.

Резултатите од пописот кои ќе бидат објавени во јуни, како и 20-годишнината од масакрот во Сребренуица би можеле дополнително да ја загрозат кревката земја, која би потонала во нова војна во случај на рефрендум за останување на Република Српска во БиХ.

КОСОВО

ПОДГОТОВКА ЗА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

Косово е во “сиромашна состојба“, предупредува „Forin afers“,. Како посебна опасност се наведуваат радикалните опции за соединување на Косово со Албанија, што дополнително би отворило нови судири со Србија.

Владата во Приштина започна да презема тврд став во дијалогот во Брисел, а во исто време се забележуваат знаци на зајакнат национализам.

Според некои аналитичари, Брисел и Вашингтон треба да ги притиснат албанските лидери да напредуваат во владеењето на правата,“ се пишува во дополнителната анализа.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here