makedonija

14 години од завршувањето на војната, Македонија повторно се најде на списокот на балканските жаришта. Опозициските медиуми во Македонија тврдат дека инцидентот во Куманово го режирала Македонската влада како би го свртела вниманието од аферата со илегалното прислушкување на опозициските и други личности од политичкиот живот во Македонија и кое во последните месеци ја потресува македонската јавност. Други сметаат дека тоа претставувало упад на вооружени Албанци во македонскиот простор организирани од страна на САД, со што на Македонскиот премиер би му покажале што би можело да се случи со Македонија доколку се вклучи во рускиот проект гасовод “Турски ток“, односно ако македонската влада се согласи гасоводот да минува преку нејзината територија.

Како што е познато, после санкциите кон Русија и откажувањето на Бугарија од проектот “Јужен ток“, според кој рускиот гас во Европа би требало да пристигне преку таа земја, Русија се одлучила да донесе гас во Европа преку Турција, Грција веќе е во завршните преговори со Русија, а идна станиза на замислената гасна трансверзала токму е Македонија, која е најслабата карика на Турскиот ток кој треба треба да тргне од Русија, Турција, Грција, Македонија, Србија и Маѓарска.

Со оглед на тоа дека на САД не му е во интерес Русите да ја снабдуваат Европа со гас, Вашингтон го искористи своето влијание  кое го има над Косовските Албанци преку кои на македонскиот премиер би му упатил јасна порака ниту да помисли на аранжман со Русија, бидејќи во тој случај САД ќе ги активира албанските “ сепаратисти“ и предизвика војна на северозападот на земјата.

Кога ќе се земаат во предвид и наводите дека ОВК на Косово, односно Ослободителната Народна Армија во Македонија ја контролира ЦИА, тогаш јасно е кој ги влече конците во нападите со терористите во Куманово. Судирите во Куманово претставуваат логичен низ на повеќегодишни залагања на косовските и македонските Албанци според кои од територијата на Балканот, каде живее албанското население, треба да се обединат во една држава, така наречена “Голема Албанија“.

Овој проект влечи корени во Призренската лига 1787 година, која побарала соединување на сите Албанци на Османслискот царство во голем Албански вилајет. Ова идеја и денес е влијателна помеѓу албанските националисти.После нападите во Куманово, Гардата на“Република Илирида“ ја известила јавноста дека сите албански групи и воени формации  започнале да дејствуваат како едно телот за имплементација на Република Илирида. “Доколку македонските власти продолжат репересивно да се однесуваат, подготвени сме за напади не само во Македонија, туку и на целиот Балкан каде живеат Албанци“, наведено е во соопштението кое го потпишал командант Хамди Ндречај Пантер.

 За ситуацијата во Македонија пишува и германскиот печат. Конзервативниот дневник “Velt” пишува дека “најлабилната земја на Европа“ се наоѓа пред нова војна. Дневникот “Berliner cajtung”, пренесува дека “ организациите за човекови права и западните дипломати ја обвинуваат владата на премиерот Никола Груевски дека се служи со авторитарни методи. Според наводите на организацијата “Репортери без граници“, во Македонија владее најмалата слобода на печат во цела Европа.

Радио “Дојче веле“ го пренесува пишувањето на швајцарскиот весник “Noje cirher cajtung”, кој пишува како многумина се “ сомневаат во официјалната верзија на настанот“. Тактиката на вооружени терористи е многу чудна. ОВК обично зазема села во непристапните места. Потоа се повлекува и на крај да искористи цивилни жртви во пропагандни цели. Многумина во Македонија сметаа дека во Куманово е инсцениран меѓуетнички судир со кој владата се обидува да го сврте вниманието на јавноста од политичките и социјалните протести и тешката состојба во која се наоѓа народот, пишува “Noje cirher cajtung”,

 “Тајната служба, на чие чело се наоѓа роднината на премиеор Груевски,  Сашо Мијалков ,во состојба е да направи такво нешто, а во регионот има млади луѓе кои за одредена сума на пари ќе се потикнат да направат такво нешто. Владата на премиерот Груевски притисната е до зид, а опозицијата со месеци контонуирано објавува делови на прислушкувани разговори кои покажуваат колку е корумпирано и цинично девет годишното владеење на ВМРО и нејзините Албански партнери. Во Скопје се случуваат протести кои за прв пат во историјата на ова земја бе амултиетнички“, пишува “Noje cirher cajtung”,

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here