- Американците разработиле план кој предвидува удар на остатоците ос Асадовата Сирија истовремено од три страни, од Либан, Турција и Јордан. Со воведување на “зона на забранети летови“ – се разбира, само за авијацијата на сириската војска.
- На територијата на Сирија ќе бидат уфрлени британски,француски и катарски командоси, а Џабхат ан-Нусра, Ахрар ал-Шам, Џунд ала-Акса и слични формации ќе добијат сигнал за општ напад.
Регуларната Сириска армија – заедно со борците на шиитското движење Хезболах, започнала со напади врз планинскиот масив Каламун на границата со Либан на борците на Џебхат ан-Нусра.
Главни операции се водат околу градот Нахла и Ерсал.
Силите на Асад и нејзините сојузници од Либан веќе ја презеле контролата над планинските висоравнини Хариф и ал-Хава и сите останти “важни коти“ од Либанската страна на границата. Веднаш после тоа за кратко под контрола ставиле голем дел од околината на Ерсал.
Вчера попладне отворени биле два нови фронтови и набрзо ќе започнат борбите за Рас ал-Ара и Тел-Муса.
Дамаск во операцијата ги вклучил своите најдобри артилериски единици. Борците на Хезболах користат руски противтенковски ракети “Корнет“.
Борбите за Каламун и контролата на границата со Либан започнале на 5.мај. И сојузниците до денес успеале да ја “преземат“ приграничната зона во должина од 50 километри.
Руски експерт за Бислкиот Исток Игор Панкратенко отценил дека војната во Сирија“ влегува во критична фаза“.
Според негова отценка, во текот на наредните три-четири месеци ќе стане јасно – дали сирискиот претседател Башар Ал Асад ќе успее да се одржи или неговата држава ќе биде срушена под притисок на неговите непријатели (ослободителна војска на сирија) и Американците кои веќе започнале да го задавааат “завршениот удар“ со увежбувањето на сириската умерена опозиција.
Американците и Турција – нагласува Панкратенко – веќе по поводот на Сирија се однесуваат како во Дамаск повеќе да нема никаква власт. Вашингтон дефинитивно се одлучи да на агресијата на злосторствата на режимот на Асад да се одговори по пат на “сила“.
“Операцијата Каламун“ започнала откако припадници на Џебхат ан-Нусра“ – со подршка на Израел – од Либанска страна на границата на 2.мај ги нападнале положбите на Хезболах.
Ситуацијата дополнително ја компликува договорот на Саудискиот крал Салман со турскиот претседател Ердоган за заеднички операции на територијата на Сирија. И против “иранското влијание на регионот“
Извор: (Fakti)










