Службите за безбедност на Србија уште на 6 април, пред еден месец, официјално ја предупреди Македонија дека се подготвуваат вакви напади врз Куманово.
Ама власта во Скопје алармот дека се подготвува удар на нејзината територија го отфрлила како несонован, дознава “Блиц“
– Со предупредувањето од страна на Србија дека се подготвуваат терористички напади биле запознати началникот на Генералштабот на Војската на Македонија, како и нивните безбедносни служби, за што постојат официјални дописи кои биле испратени од Белград. Меѓутоа, не го прифатија нашето предупредување- открил соговорник од врвот на Владата на Србија кој инсистирал на анонимност.
После предупредувањето на Србија терористите прво испукале граната на зградата на Владата во Скопје, потоа кон крајот на април ја нападнаа и зазедоа караулата (полициска станица) во селото Гошинце и еве сега дојде до големи нереди во Куманово.
Заради пресметките во Македонија кои се случувале во близина на границата со Србија, Владата на Србија сите служби за безбедност, војската и полицијата ги ставиле во состојба на готовност, како не би дозвилиле тероризмот да не се пренесе на територијата на Србија. Исто така донесена била и одлука за целосно привремено затварање на границата помеѓу Србија и Македонија.
На сите фабрики од наменската индустрија наредено им било да обезбедат целосна потребна опрема, пред се оклопни возила, ама и оружје и муниција за потребите на Војската на Србија и полицијата. Наредено било итно набавување на панцири за припадниците на Војската и полицијата кои ќе учествувале во обезбедување на границата.
Според неговите информации, водачите на терористите од Куманово, наводно им побегнале на македонските сили преку селата Липково и Лојанови и планира да премине во Србија.
Извор:(Blic)











