куманово

Атина- Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека ескалацијата на тензиите во Македонија потрдуваат дека постојат сериозни проблеми кај осов сосед, јавуваа грчките медии.

Освен тоа, министерството за надворешни работи на Грција истакнало дека сега треба да превлада воздржаноста, разумот и дијалогот.

“ За жал ескалацијата на тензиите во Македонија го потврдува она што повеќе пати го истакнувавме – дека постои сериозен проблем во нашата соседна држава, проблеми со функционирањето на владеењето на правата, почитувањето на човековите права, спроведувањето на Охридскиот меѓународен договор, пошитувањето на принципите на добрососедски односи и дефицит на демократија“, истакнал портпарол на грчкото министерство  Константинас Кутрас.

Политичкиот врв во Скопје, смета официјална Атина, би требало да се фокусира на одстранување на овие проблеми, покажувајќи дух на самокритика и консензус, насместо да бара жртвено јаре и обвинување на други за застојот во свроатлантските перспективи кои Грција искрено и цврсто ги подржува.

Грција изразува своја тага и длабоко сочувство на семејствата на жртвите на најновата криза со надеж дека ќе се докаже дека тоа бил изолиран феномен, наведува Кутрас.

“Она што сега треба да се превлада е воздржаноста, разумот и дијалогот“, порачал Кутрас на прашањето на новинарите по повод вчерашното соопштение на претседателот на Македонија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here