

Гробницата на Сулејман Шах, кој починал во 1236 година, се смета за турска територија на основа договорот од Анкара од 1921 година, помеѓу Турција и Франција, под чија контрола тогаш се наоѓала Сирија.
Истата (гробницата) претходно во фебруари преместена е на друга локација, кога турските војници длабоко навлегле на територијата на Сирија, што исто така наишло на протест во Дамаск.
Гробницата се наоѓа на околу 200 метра од турската граница цо територијата на Сирија, во населбата Ешме, кое многу лесн о се гледа, односно е видливо од Турска страна.
На фотографиите од посетата на ова гробница од страна на Давутоглу, се гледа како турскиот премиер оддава почит и прегрнува со војниците кои тука се распоредени.
Посетата доаѓа во ек, кога се шпекулира дека Турција е подготвена воено да интервенира во Сирија.
САНА наведува дека посетата на турскиот премиер на гробницата е дел од “предизборната кампања“ на владејачката партија на правдата и развојот АКП, за која смета дека се соочува со “ значителен пад на популарноста “ пред парламентарните избори на 7.јуни.

Истоа така, Турција ја гледаат како подршка на побуната против сириската влада, која ја обвинува Анкара за “подршка“ на тероризмот.









