Овие ставови и отценки ги изнеле во изјава која ја споделиле во женева, со покана до државите чченки на Обединетите Нации да го разгледаат нивното барање во Советот на ОН за човекови права кои на 11 мај ќе ја разгледаат состојбата на човековите права и слободи во САД.
Во изјавата се нагласува дека САД, Аљаска и Хаваите во 1959 година ги “проголтала“ со помош на лага и кршење на мандатот и принципите на ОН. Авторите на изјавите апелираат до Обединетите нации да ја исправат оваа “’грешка“.
Во документите посебно се истакнува дека тоа што Русија во 1867 година ја продала Аљаска на САД воопшто не предавање на суверенитетот на Аљаска на Соединетите Американски Држави, и дека инвазијата на САД во 1893 година на Хаваите претставува и кршење на договрот помѓу двете земји и меѓународните права.
Авторите на документите имаат намера своите цели да ги остварат по мирен пат – со организкирање на референдум за самоопределување. Претставници на домородскиот народ формираа и заедничка група насловена како “ Алијанса Ањаска-Хаваи за самоопределување“.
Аљаска во Женева ќе ја претстави Ронал Барнс, а Хаваите Леон Сиу кој истакнал:
– Нашата култура се гуши. Ама, политиката на САД вперена е и против мирот на планетата бидејќи на нашата територија се наоѓа и воената база Перл- Харбур.
Барнс во женева открил дека е православен христијанин. И тоа го низговорил на руски. Потоа на англиски додал дека многу негови роднини имаат руски презимиња и дека и понатаму користат некои руски зборови.
Тој се заложил да Аљаска стане независна неитрална држава “ помеѓу Русија и Запад“.












