Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама стравува дека зајакнувањето на бунтовниците би можело да доведе на власт наместо Асад поопасен радикален исламистички режим, наведува АП.
Имено, САД не сака, бунтовничките групи, како што се Нусра Фронтот и Ал Каеда, обединат во едно како би го урнале Асад.
Американски претставник кој не сакал да биде именуван наведил дека администрацијата на САД стравува дека новиот сојуз би можело да му помогне на Нусра Фронт да освои што повеќе територија во Сирија, пренесува АП.
Саудиска Арабија сака да соедини голем број на опозициски групи во воено разурнатата Сирија како би размотриле што да направат после паѓањето на режимот на Асад, наведиле денес Сириските опозициски извори.
Сунитска Саудиска Арабија ги подржува силите кои се борат против Асад, кој е подржуван од ривалот на Саудиска Арабија, Иран со кого доминираат шиите.
“Кон средината на месец јуни саудиските лидери ќе се обидат да ги обединат сите, односно повеќето политички и воени противници на Сирискиот режим за да ги подготват“ за периодот после Асад, наведува за АФП ветеран на опозицијата Хајтам Мана.
Овој состанок “ нема да ги вклучува борците на Нусра фронт и Исламската држава“, изјавил Мана, за АФП.









