ердоган-путин
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нема да се најде меѓу учесниците на одбележувањето на Денот на победата, кој ќе се одржи на 9.мај во Русија, известуваат турските медиуми.
70-годишница од победата над нацистичка Германија ќе биде одбележана на 9.мај во Русија, со учество на лидери од 12 земји. Турција на ова свечеснот ќе ја претставува амбасадорот Умит Јардим, бидејќи претседателот Ердоган одбил да учествува.
Претседателот Ердоган на 27.април ја осуди изјавата на рускиот претседател Владимир Путин во врска настаните од 1915 година, заради тоа што со поимот “геноцид“ го нарекол убивањето на османлиските Ермени.
 
 “Не е прв пат Русија да го користи пимот геноцид во однос на ова прашање. Лично сум тажен што Путин го направи тој чекор. Она што се случува во Укрфаина и на Крим е се поовидентно. Најпрво би требало да се објаснат тие настани пред да се употреби зборот геноцид“, истакнал Ердоган на конференцијата во Анкара.
 
Путин не присуствувал на настанот на 24. април кога се одбележувала 100-годишнина од Битката на Галипољ, сеќавање на загинатите борци во Првата светска војна. Наместо тоа тој присуствувал на комеморацијата на настаните од 1915 година, во Арменија.
 
Коментарите на Путин беа осудени ос страна на турското Министерство за надворешни работи, изјавувајќи дека очекуваат од Русија да повеќе внимава на својата пријателска врска со Турција.
 
“Разгледувајќи ги масовните масакри, колективното казнување и протерувањата кои Русија со векови ги врши на Кавказот, Централна Азија и Источна Европа, како и нечовечкото постапување спрема турските и муслиманските малцинства во текот на нејзината историја, Турција смета дека Русија би требало да биде повеќе свесна на дефиницијата “геноцид“ и легалнитре прашања кои овој поум ги повлекува“, стои во соопштението на МНР на Турција.
 
“Турција за Русија претставува стратешки партнер и се надеваме дека односите со неа ќе имаат потенција и понатамошен развој“, истакнал претставник на МНР на Русија.
 
Лидерите на западните земји, освен Грција,Србија и администрацијата на кипарските Грци, нема да учествуваат на одбележувањето на Денот на победата, заради Руската политика спрема Украина.
 
На парадата на Црвениот Плоштад во Москва ќе маршираат повеќе од 14 илјади војници, 200 воени возила, со придружба на 150 воени летала, пренесува Москва Тајмс.
 
Извор: (TRT)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here