Новите чекори кои ги превзеде кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдел Азиз ал-Сауд би можеле да доведат до политичка бура во ова кралство, пишува британската штампа.
Причина за евентуални политички потреси во внатрешноста на владејачките кругови или можен пуч, доаѓа откако кралот Салман на 30.април издаде декрет според кој саудискиот кралски суд започнува да го превзема судот на престолонаследникот и министер за внатрешни работи Михаммед бин Наџаф, пишува британскиот магазин “Intelidžens rivju Džejns”
Со овој чекор се одзема административната моќ на судот на престолонаследникот, кој се става под контрола на заменикот на престолонаследникот, а кој е син на кралот Салман.
Кралот исто така, ја одвои државната нафтена компанија “Saudi Armako” од министерството за нафта, а тој процес ќе го надгледува неговиот син, кој се наоѓа на чело на Советот за економски и развојни работи.
“Брзината со која кралот Салман ги спроведува водечките структурни промени во политичкиот естаблишмент на Саудиска Арабија како ваква досега не е забележана“, наведува британскиот весник.
Весникот пишува дека одлуката на кралот од 28.април за одстранување на престолонаследникот Абдул Азиз бин Сауд како прв во редот за наследување на престолот и поставување на принцот Мохамед бин Наџаф на неговото место, како и промовирањето на кралскиот син за заменик на престолонаследникот, би можело да го вознемири синот на починатиот крал Абдуллах Митеб, кој ја контролира Саудиската Национална гарда (SANG).
Кралот Салман, кој го презеде престолот во јануари 2015 година, заедно со синот заменик престолонаследник Мухаммед бин Салман, очигледно се обидува да ја консолидира моќ-та.
Сите овие политички промени би можеле да доведат до ризик да воените сили лојални на кралот да бидат ставени против војниците лојални на принцот Митеб и Бин Наџаф, се заклучува во текстот на магазинот.










