Во седиштето на ЕУ расте загриженоста дека е загрозено напредувањето на поедини балкански држави кон членството во ова организација. Предупредувања посебно изнел шефот на германската дипломатија Фран – Валтер Штајнмаер, ЕУ, а посебно Германија, планираат даги зајакнат дипломатските напори во Западниот Балкан.
Германскиот шеф на диопломатијата Франк-Валтер Штајнмаер во текот на неодамнешната посета на Слованија предупредил како се заканува опасност да поедини држави “ скршнат од патот кон приближување кон ЕУ“. Според наводите на неименуван дипломат од Брисел притоа најмногу се мисли на БиХ, ама и на Македонија односно Србија. Се истакнува дека од овие држави се очекува предпритстапот во ЕУ да извршат потребни реформи. Освен тоа забележително е како на поедини држави на Западниот Балкан се повеќе влијание остваруваат Турција и Русија.
Сепак, исто така во Брисел се приметува како и приликите во Македонија стануваат се понестабилни.









