финска

Армијата на Финска денес ја започна кампањата на испраќање на покани за 900.000 резервисти, најголема досега, во атмосфера на зголемени тензии помеѓу ова земја и Русија заради кризата во Украина.

Се истакнува дека овој чекор нема врска со Русија, туку нејзината цел била само “унапредување на комуникацијата“ со резервистите во ситруација кога е намален воениот буџет и многумина од резервистите сега имаат други задолќенија и промана на локацијана јавување, пренесува Ројтерс.

Финска има 1.340 км долга граница со Русија, која Фибците се почесто ја обвинуваат за  нарушување на воздушниот простор ос страна на руската војска, како и шпионажа и погранични вежби.

Минатиот месец, неутралната Финска, заедно исто така со неутрална Шведска, и се придружи на Норвешка, Данска и исланд, кои се членки на НАТО во невообичаеното остро заедничко соопштение во кое директно се наведува  рускиот “предизвик“ како основа за унапредување на заедничката воена соработка.

Финсите исто така започнале и дебата за тоа дека би требало да пристапат кон НАТО, меѓутоа истражувањето на јавното мислење укажува на тоа дека таа идеја има мала подршка меѓу граѓаните.

Финска, инаку е една од неколкуте земји во Европа во која обавезно е служењето на воениот рок за мажите.

Последните години, со влошувањето на домашната економска ситуација во Финска затворени се неколку центри за обука, а укинати се и неколку ститици работни места во војската. Воениот буџет е намален на 2,7 милијарди евра, или 1,29 % БДП, додека во 2012 година достигнал 1,4% БДП.

Ова година финскиот воен состав во воени услови намален е на 230.000 луѓе од претходните 350.000. Инаку минатата недела од еден фински брод испалени се проектили на предупредување на “сомнителна подморница“ во близина на Хелсинки, за која се појавиле шпекулации дека е Руска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here