sisi

Саудискиот крал Салман бин Абдулазис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси постигнаа договор заедно да дејствуваат против “секоја иницијатива за интервенција насочена против арапските земји“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на египетското Министерство за надворешни работи се наведува дека во текот на посетата на Саудиска Арабија ал-Сиси се сретнал со саудискиот крал и други високи претставници  на ова земја.

Се наведува дека разговарале за псоледните настани во Јемен, ама и други регионални прашања.

Тие исто ја изразиле и потребата од силна кординација и соработка помеѓу двете земји.

Во соопштението се наведува дека е постигнат договор за заедничко дејствување против сите иницијативи кои би се превзеле против било која арапска земја, односно ширење на било каков раздор  помеѓу жителите на тие земји.

Исто така нагласено е дека ќе се зголемат исто така и напорите за заштита на националната безбедност во арапските земји.

Извор:Anadolu Agency

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here