Два руски бомбардери, кои можат да бидат вооружени со нуклеарни ракети, наводно минатата недела го повредиле (нарушиле) воздушниот простор на САД и навлегле на небото над Аљаска.
Како наведува Фокс њјуз, повикувајќи се на медиуми од Вашингтон и нивните извори од безбедносните структури, на 22.амрил два авиони од типот ТУ-95, на руската авијација, навлегле во воздушниот простор на САД, и во таа прилика немало интервенција на американските ловци.
Сепак, овие најави за Тајмс не ги потврдил капетанот на морнарицата Џеф Дејвис, ама истакна дека, навистина немало интервенција на американските авиони.
Неименувани претставници, сепак истакнуваат дека во тек е тренинг на руската авијација која трае неколку месеци, а наводно тој започнал минатата година кога руските бомбардери го надлетале Канадскиот воздушен простор.
Дејвис сепак наведил дека американските и канадските авиони пресретнале руски бомбардери барем најмалку шест пати минатата година, додека пак забележано е дека руските авиони во најмалку десет наврати навлегле во воздушниот простор на овие северноатлански земји.











