erdogan-putin-640x327

Рускиот лидер на комеморацијата во Ереван на 24.април го истакнал дека ставот на Москва за “геноцидот над Ермените“ е непроменет.

Ердоган: Тоа не е прв пат Русија да го употребува зборот “геноцид“, зборувајќи за овој настан. Јас навистина лично сум тажен што Путин постапи така. (Ројтерс). Турскиот претседател ФРеџеп Таип Ердоган денес, изјави дека Русија треба да ги објасни своите постапки во поврзани со Крим, пред да има право да зборува за “прогонот“  врз Ермените во 1915 година, за време на Османслиското царство, како “геноцид“, пренесуваат агенции.

“Очигледно е она што се случува во Украина и Крим. Русите прво би требале тоа да го објаснат, пред да наречат нешто како геноцид , што се случил во Османлиското царство“, изјавил претседателот на Турција на конференцијата за печат во Анкара.

Рускиот претседател Владимир Путин на комеморацијата во Ереван одржана на 24.април, со која се одбележа 100 годишнина од прогонот на Ермените за време на Османлиското царство, истакна дека ставот на Русија останува ист и непроменет, и дека во прашање е нешто што неможе да се оправда.

“Русија останува доследна, секогаш верувавме дека не може да се оправда такво масовно убивање на луѓе“, изјавил тој.

Путин предупредил на враќањето на нацизмот во низа држави и повика на размислување во врска со последиците од ваквата појава.

“За жал, сега во многу региони на светот, неофашизмот ја подигнува главата и радикалните националисти тежнеат кон моќ, гледаме дека антисемитизмот е се повеќа јак, како и манифестацијата на русофобијата“, наведил рускиот лидер.

 

Izvor: Agencije

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here