Поранешниот Египетски претседател Мухаммед Мурси во вторникот беше осуден на 20 години затворска казна.
Во текот на судењето на поранешниот претседател Мухаммед Мурси неговата вина не била докажана, наведува Human Rights Watch (HRW), јавува Анадолија Агенцијата.
После увидот во истражното досие Human Rights Watch (HRW) се огласи денес, наведувајќи дека Мурси е одговорен само заради неговата поврзаност со “Муслиманските браќа“, соопшти директорката на Human Rights Watch (HRW) за северна Африка Сара Леах Витсон.
Муслиманските браќа, станаа влијателна организација во Египет на почетокот на Арапската пролет во 2011 година, која доведе до соборување на Хосни Мубарак.
“Политички мотовирано судење“
Откако египетскиот претсефател Абдул ал-Сиси, поранешен шеф на армијата , го сруши Мурси во 2013 година, вети дека ќе ја искорени организацијата на Муслиманските браќа и групата ја нарече терористичка организација. Од тогаш војската и власта се нафрли на ова група , затварајќи ги и погубувајќи стотици нејзини членови.
“Каква и да е политичката одговорност на Мурси, Обвинителството во овој случај не ја утврди неговата вина“ подвлекла Винстон.
Human Rights Watch (HRW), исто така како банална го наведува и фактот дека на Мурси му се судело само за смрт на припадници на безбедносните сили во инцидентот каде погинаа и припадници на Муслиманските браќа.
“Од десетината луѓе кои се убиени на тој ден, само тројца се споменуваат во обвинението, што доведува до заклучок дека судењето е политички мотивирано против Муслиманските браќа.“
Извор:Anadolu Agency









