Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денесе ги нападна и обвини лидерите на четири земји кои масовниот злочин на Османлиските Турциј над Ерменците во периодот на Првата светска војна и официјално го окарактеризираа како “геноцид“.
Ердоган денес ги обвини Франција, Германија, Рсуија и Австрија дека ги подржуваат “тврдењата“ конструирани врз основа на ерменските лаги“.
Турскиот претседател дури во еден момент ја обвини и Америка дека и таа застанала на страната на Ерменија, иако претседателот на САД Барак Обама во своето годишно обраќање на нацијата се воздржал од користење на терминот “геноцид“.
Лидерите или парламентите на Франција, Германија, Русија и Австрија неодамна изјавиле дека она што Османлиските Турци го направиле врз Ермените пред стотина години недвосмислено е опишано како геноцид.
Ердоган на нивните изјави возвратил: “ Тие прво треба, еден по еден, да ги очистат дамките (флеки) од нивната сопствена историја“.
Историчарите сметаат дека околу 1,5 милиони Ермени се убиени во чинот кој како распостранет во светот денес се опишува како геноцид на 20 век.
Извор:ББН
Турција негира дека масовните убиства на Ермените имаат врска со поимот на генцид.











