“Тоа ќе го направиме, ако не принудите на тоа“, порачал директорот на Гаспром Алексеј Милер.
Тој предупредува дека ЕУ еднострано ќе се обиде да ги префрли сите ризици на снабдување со гас, со што му создава големи тешкотии на Гаспром
“Европа мора да даде јасен и категоричен одговор: и треба ли ова ресурсна база или не“, порачал Милер.
Ова е прв пат рускиот гигант отворено да најави евентуелно тотално прекинување на испораката на гас. Според зборовите на стручњаците, руските власти и раководството на Гаспром претходно истакнале дека никогаш нема да се “повредат“ договорените обврски спрема европските клиенти.
Во Европа се појави коалиција на земји која го подржува Турскиот тек. Меѓу нив ја нема Бугарија, која претходно под притисок на ЕУ, се откажа од изградбата на Јужниот тек.
Како наведува рускиот бизнис весник “RBC Dejli”, Дмитриј Баранов, стручњак од областа за енергетика, смета дека е една од острите изјави од Гаспром – создвање на европски енергетски сојуз. Европските потрошувачи досега се договарале со доставувачите поединечно, а условите во деловните договори биле строго доверливи.
“Ако Европската комисија сака да воспостави единствена увозна цена на гасот, тоа нема да биде најниска цена по која ние ја снабдуваме Европа’, рекол Баранов.
Гапсром планира да до 2019 година го прекине транзитот на гас преку Украина. А за да го напраби тоа, прво беше планирана изградбата на Јужниот тек, кој под притисок на Брисел пропадна, а сега во план е Турскиот тек.
Извор: (Srna)









