Федерален судија му наредил на градското претпријатие за јавен превоз во Њујорк да на своите автобуси постави контраверзни реклами на кои пишува дека муслиманите убиваат евреите, одбивајќи го аргументот дека овој оглас би можел да го потикне “тероризмот“ или насилство.
Во одлуката објавена во вторникот, судијата Џон Кејтл изјавил дека рекламите се Американска иницијатива за одбрана на слободата (АФДИ) кои пред тоа претходно биле објавени во Чикаго и Сан Франциско, заштитени со слободата на говорот во рамките на Првиот амандман на американскиот устав.
Веста е објавена на страната на АФДИ
На рекламата е прикажан маж кој се заканува со шал завиткан околу главата и цитат “ Убивањето на евреите е заслуга која не приближува кон Аллах“, реферирајќи на “Хамас“, после што се додава “ Тоа е негов џихад. Што е твојот?“, пишува АЈБ.
Објаснување на судиите.
Кејтл наведил дека бил “чувствителен“ кон прашањата за безбдноста, ама заклучил дека градското претпријатие за јавен превоз Metropolitan Transportation Authority (MTA) и неговиот претседател Томас Прендергас “ ја потценуваат толеранцијата на Њујорчаните и го преценуваат можниот ефект на овие реклами. Тоа го повлекува верувањето дека кај Њујорчаните огласите ќе покренат насилство, истите тие кои не покренале насилство кај жителите на Чикаго и Сан Франциско“.
Metropolitan Transportation Authority (MTA) прифатила и други реклами на АФДИ, која се смета за антимуслиманска група.
Адам Лисберг, портпарол, на Metropolitan Transportation Authority (MTA) изјавил дека ова компанија е разочарана со одлуката на судијата и разгледдува други опции.
Судијата одлучил одлуката да биде замрзната еден месец, како би се оставило време за жалби.










