путин салман

Русија и Саудиска Арабија подготвени за блиска координација на политиката во решавање на регионалните и меѓународни проблеми.

Рускиот претседател Владимир Путин го повика саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз ал Сауд да ја посрти Москва.

Поканата уследила во текот на телефонскиот разговор во кој двајцата разговарале за судирите во Јемен.

Руската влада беше критична спрема саудиските напади на припадниците на шиитското движење Хуси, ама вети воспоставување на длабока соработка со Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија и нејзините воглавном сунитски сојузници го обвинија Иран за испраќање на оружје на шиитските бунтовници, а која изјава Ирански претставници ја негирале.

Русија и Саудиска Арабија претставуваат два најгоеми извозници на енергија, меѓутоа се најдоа на спротивните страни на граѓанската војна во Сирија, после што некои руски политичари ја обвинија Саудиска Арабија за договор со САД за соборување на цената на нафтата.

Подготвени за поблиска координација.

Русија и Саудиска Арабија подготвени се за поблиска координација на политиката во решавањето на регионалните проблеми и меѓународните проблеми потврдила информативната служба на Кремљ после разговорите на рускиот претседател Владимир Путин со саудискиот крал Салман бин Абдулазис Ал Сауд.

“Саудискиот крал високо ги отценил напорите на руската страна во поглед нормализацијата на тешката состојба во Јемен и изрази благодарнос на Русија за гласањето во Советот за Безбедност на ОН за Резолуцијата 2216“  порачал Кремљ, а пренесуваат руските медиуми.

Какошто е наведено, двајцата лидери изразиле одлучност да понатаму градат меѓусебна корисна и билатерална соработка во многу други подрачја. а, Путин  го покани саудискиот крал да ја посети Москва.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here