Германскиот неделник Дер Шпигел тврди дека со реализацијата на договорот за гасоводниот проект Турски тек меѓу Русија и Грција на Грција ќе и бидат доделени 5 милијарди евра на име аванс.
Договорот ќе се потпише на 21 април а Грција која е на прагот на банкрот од истиот ќе обезбеди 3 до 6 милијарди евра во готовина.
Дел Шпигел понатаму истакнува дека деталите на договорот ги разгледале грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин за време на неодамнешниот престој на Ципрас во Москва .Дер Шпигел се ослонува на висок претставник на Сириза кој што истакнал дека петте милијарди евра ќе ја спасат Грција од должничкото блато.
Шпекулацијата се поткрепува со изјавата на Путин после разговорот со Ципрас дека, наместо директно да и се додели кредит на Грција би било подобро да се обезбедат извори за развој на енергетски проекти во оваа земја.
Инаку гасоводниот проект Турски тек предвидува транспортирање на рускиот гас под Црното море и Турција до Јужна Европа.











