американски бродови

Додека продолжува бомбардирањето на Јемен од страна на Саудиската коалиција, , американски воени претставници информира за присуството на 7 воени бродови на ова земја во близина на водите на Јемен.

Во овој извештак стои дека бродовите редовно патролираат во водите на заливот Аден и Црвеното море.

Некои медиуми на Јемен информираа за ракетни напади на американските бродови  на градот Сана, како и тоа дека една ракета го погодила кампот El-Hafa во петокот навечер. Меѓутоа, досега ниту еден претставник не ја потврдил ова вест.

Од друга страна, војската на Јемен, со помош на народните одбори на Јемен, успеа да го поврати воениот камп Ахор во покраината Абјан, кого недоамна го освојале терористите на Ал-Каеда.

Според овој извештај, војската и нардоните одбори успеале да го запленат и тешкото вооружување на Ал-Каеда, помеѓу останатото тенкови, оклопни возила, артилерија и останата воена опрема.

Локални извори на Јемен информирале за распаѓање во редовите на терористите на Ал-Каеда и постепено напредување на војската и народните одбори. Исто така, спасувачите и жителите на Сана јавиле дека одреден број на жители на регионот Фаџ Атан на југот на Сана го изгубели животот заради вдишување на отровен плин кој настанал како резултат на бомбардирањето на саудиските воени авиони.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here