vladimir-putin-recep-tayyip-erdogan

Претседателот на Казахстан и “татко на современата идеја за евроазиско обединување“, Нурсултан Назарбајев, во неколку наврати истакнал дела Турција треба да биде дел од Евроазискиот економски сојуз, а по се судејќи, на овој проект на големо се работи.

Ова година, што се однесува до членките на евроазискиот сојуз и Турција, започна во знак на турското присоединување на евроазискиот блок. Покрај тоа што рускиот претеседател Валадимир Путин го иницирал проектот “Турски тек“ после крахот на преговорите со ЕУ за изградбата на “Јужниот тек“, во јануари оваа година се одржа состанок во Анкара на кој учествуваа турските амбасадори во Казахстан, Киргиз и Белорусија, а домаќин бил рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов.

Вистинската цел на состанокот била да се започнат разговорите на тема евроазиските интеграции на Турција, како и согледување на сите потенцијали на ова поле. Иако многумина би отцениле дека состанокот е одржан на ниво на ниска дипломатија и дека нема посебна тежина, се покажа спротивното и тоа е речиси сигурен знак дека се преминало на оперативниот дел од овој план.

Дури и еден портапрол на рускиот престедател Валдимир Путин јавно изјавил дека Турција треба да биде членка на Евроазискиот Сојуз пред Европската Унија од причина што на тој начин полесно и подобро ќе го гради своето влијание’, забележал порталот Вестник на Кавказ.

Постојат многу геополитички, економски, политички, па и социјални аспекти поврзани за Труција кои ја отвараат големата можност политичката елита стежнее кон евроазиските интеграции.

Турција евроазиските членки слино би ги поврзала со Средниот Исток и регионот на Медитеранот. Турција исто така силно би одиграла силна улога и за останатите јужни земји. Едноставно кажано , Турција би отворила нови трговски канали, а најважна е областа на Црното море кое би се претвотило во зона на слободна трговија.

Русија би постигнала огромен бенефит, бидејќи со зачленувањето на Турција сликата за Евроазискиот сојуз како своевидно обновување на Советскиот Сојуз би била не возможна. Членството на Турција би ја оневозможило теоријата за евроазиските интеграции како “руска хегемнонија“.

Понатаму, Турција би ја отворила перстепктивата на новите чченки како Туркменистан,Азербејџан,и Узбекистан. Заради сево ова, за евроазиските членки Турција претставува и повеќе од драгоцен и потенцијален сојузник.

Моментално, пазарот на евроазискиот сојуз го сочинуваат 170 милиони луѓе, со доаѓањето на Турција тие автиматски би се прошириле на дополнителни плус  75 милиони.

“Турскиот тек“ како проект, доколку биде реализиран, ќе го зацементира евроазискиот пат на Турција, пишува Вестник Кавказа.

Извор:(Pravda)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here