Група на бродови на Руската Северн афлота која ја предводи големиот противподморнички брод “Северморск“ вплови денес во каналот Ламанш, соопшти прес службата на ова флота.
Претставник на пресс службата на Вадим Сјерга изјавил дека руските бродови ќе впловат во Северното море, а потоа во североисточниот Атлантик.
Во водите на Атлантикот групата ќе изврши противвоздушни и противподморнички вежби за одбрана, претоварување на товар во движење заедно со танкерот “Дубна“ и овозможување на помош на бродот во невоља заедно со спасувачките реморкери СБ-406, пренесе ТАСС.
Претходно морнарите на “ Североморск“ во Бискајкиот залив одржале групна вежба, како и увежбување на спасувачките операции со учество на авиони и хеликоптери Ка-27.
“Североморска“ испловил од главната база Флоте, на 20.ноември 2014 година и од тога поминал повеќе од 18.300 миљи, потсетува агенцијата.
Пренесувајќи ја ова вест со назнака “итно“, британската агенција Ројтеерс наведила дека не е невообичаено да руски бродови бидат во Ламанш.
Кон крајот на ноември минатата година руските агенции јавија дека бродови на Северната флота впловиле во Ламанш, каде ќе одржат вежби и дека заради невремето одлулчено е да пловилата се преместата во неутралните води на заливот Сена.
РИА новости наведи дека на 28.ноември бродови на руската морнарица, чија формација ја предводи “Североморск“ го форсирале најтесниот дел на Ламанш каналот Па де Кале и влегле во заливот Сене, каде ќе почекаат да помине невремето.
Единици на руската морнарица на “Североморск“ , десантниот брод “Александар Отраковски“, танкерот “Дубна“ и спасивачкиот реморкер СБ-406, увежбувале пловидба низ каналот во слоќени хидрометереолошки услови со интензивна навигација, наведија агенциите.










