Во ЕУ се подготвува бунт заради санкциите кон Русија, бунтот го предводи Грција, каде наскоро ќе и се придружат Маѓарска,Словачка и Кипар, отценува “Daily Telegraph”.
ЕУ на Владимир Путин “на тацна“ во вид на стратешки подарок му ја предаде Грција, а премиерот Алексис Ципрас во Москва порачал дека Грција е суверена земја и дека има полно право на самостојна надворешна политика.
Освен тоа, Ципрас јасно го изразил несложувањето со политиката на санкции против Русија.
Рокот на важење на антируските санкции истекува во јуни. За да бидат продолжени, потребна е согласност од сите 28 членки на ЕУ.
Ако Грција стави вето, тоа ќе го охрабри и премиерот на Маѓарска Виктор Орбан да се приклучи на “бунтот“, наведува “Daily Telegraph”
Словачка, исто така, полека го напушта она што некогаш бил единствен фронт “ контролирање на потегот на Кремљ во Украина“.
Брисел би можел да изврши притосок на еден “ непокорен играч“, ама не на целата група.
ЕУ губи сила, отценува “Daily Telegraph” и истакнува дека ако Унијата не ги продолжи санкциите на Русија, тоа ќе внеси раздор помеѓу Брисел и Вашингтон.










